Гренел: Венецуела се согласи повторно да прими авиони со депортирани мигранти од САД

13.03.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Гренел: Венецуела се согласи повторно да прими авиони со депортирани мигранти од САД

Гренел на платформата Икс објави дека летовите ќе започнат утре.

Кон крајот на јануари, Гренел го посети венецуелскиот главен град Каракас како пратеник на американскиот претседател Доналд Трамп за да се сретне со венецуелскиот претседател Николас Мадуро и да разговара за депортацијата на мигрантите.

Оттогаш, група Американци задржани во Венецуела беа ослободени и почнаа летовите за репатријација.

Граѓаните на Венецуела сочинуваат голем дел од мигрантите кои бараат влез во САД во последните години, а многумина ја напуштија својата земја поради економската и политичката криза. 

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата