Грабеж на продавница за оружје во САД- со пикап ја пробиле вратата и украле 20 пиштоли (ВИДЕО)

25.03.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Грабеж на продавница за оружје во САД- со пикап ја пробиле вратата и украле 20 пиштоли (ВИДЕО)

Грабежот се случил вчера рано наутро во 01:20 часот, кога бил активиран аларм во продавницата за оружје Dominion Defence, објави локалната полиција, пренесува порталот Fox26houston.

По пристигнувањето на местото на настанот, полицијата ја затекнала влезната врата скршена и утврдила дека е украден голем број огнено оружје.

Истрагата утврдила дека три лица со возило ја пробиле вратата од продавницата, а потоа влегле внатре и украле оружје. Тие потоа побегнале со пикап и украле друго возило пред да се упатат кон Мериленд.

Двајца малолетни осомничени се уапсени благодарение на брзата реакција на полицијата на округот Монтгомери. Полицијата ги следела со хеликоптер. Третоосомничениот се уште е во бегство. Пронајдени се 13 од 21 украден пиштол. Во истрагата е вклучен и Федералното биро за алкохол, тутун, огнено оружје и експлозиви.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата