Големи протести во Аргентина против кратење на буџетите на државните универзитети

13.05.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Големи протести во Аргентина против кратење на буџетите на државните универзитети

Студенти, професори, синдикални претставници и опозициски политичари демонстрираа против мерките за штедење на ултралибералниот претседател Хавиер Милеј, кој ја презеде функцијата во 2023 година.

Во главниот град демонстрантите се собраа на плоштадот „Пласа де Мајо“ пред претседателската палата, носејќи транспаренти со пораки „Без образование нема иднина“.

Организаторите соопштија дека околу 600 илјади луѓе протестирале во Буенос Аирес, а вкупно 1,5 милиони низ целата земја. Дел од медиумите, пак, објавија значително помали проценки за бројноста.

Протестите беа насочени кон барањето да се спроведе законот усвоен од Парламентот за финансирање на државните универзитети, на кои школувањето е бесплатно.

Владата поднесе правен приговор против законот, тврдејќи дека не е прецизирано од каде ќе се обезбедат средствата, и наместо тоа повикува на поголема транспарентност и ефикасност во трошењето.

Случајот сега е пред Врховниот суд на Аргентина.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата