Пожарот брзо се проширил на станбени единици, објави Билд.
Противпожарната единица пристигнала на местото околу 8 часот. „Пожарот се проширил на првиот кат од зградата, овде има неколку станови“, велат од полицијата.
На лице место се 113 припадници на противпожарната единица кои се обидуваат да го стават под контрола пожарот.
Причината за пожарот се уште не е позната.
Противпожарната служба го прогласи инцидентот за инцидент со масовни жртви, но не е познато колку луѓе се повредени.