Прес-конференцијата ќе биде комбинирана со телевизиски пренос, при што граѓаните ќе можат телефонски да разговараат со претседателот.
Двата формати беа комбинирани за првпат во 2020 година, а трендот конечно се зацврсти минатата година. Портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков рече дека ова се случило бидејќи Путин нема многу слободно време.
Путин го откажа настанот во 2022 година кога руските сили ја нападнаа Украина.Според руски медиуми, повеќе од милион прашања од граѓаните веќе се упатени до Владимир Путин.
Повеќето прашања се поврзани со конфликтот во Украина и здравството, рече Дмитриј Песков.