Гламурозна градоначалничка од САД поднела оставка, но веднаш ја уапсиле за силување

2.08.2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Гламурозна градоначалничка од САД поднела оставка, но веднаш ја уапсиле за силување

Робертс Клантон (42), поранешната градоначалничка на Деридер, најави оставка минатата недела, а потоа беше уапсена во четвртокот под сомнение дека имала секс со малолетник.

Полицијата во Луизијана соопшти дека Клентон наводно имала „сексуален однос со малолетник додека ја извршувал функцијата градоначалник“.

Инспекторите разговарале со двајца малолетници, кои потврдиле дека Клентон имала врска со еден од нив.

Клентон се предала во четвртокот и е во притвор под сомнение за силување, пишува Дејли мејл.

Околу еден час подоцна, таа била ослободена со кауција од 75.000 долари, додека нејзиниот адвокат тврди дека е невина.

Клентон беше на среде на нејзиниот втор мандат како градоначалник, победувајќи на реизбор со шеесет проценти од гласовите во 2022 година. Нејзиниот брачен статус е нејасен.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата