Германците се налутија- во маркетите им наплатувале кеси: Не можам да поверувам

17.12.2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Германците се налутија- во маркетите им наплатувале кеси: Не можам да поверувам

Цената на секоја кеса е по еден цент, што многумина го оценија како дополнителен трошок во и онака тешката економска ситуација. Сепак, Кауфланд вели дека тоа не е ново, бидејќи одамна се наплаќаат пластични кеси за овошје и зеленчук. Се чини дека некои клиенти дури сега обрнуваат внимание на оваа практика, објави ХНА.

Според податоците на Сојузниот завод за статистика, во Германија во текот на 2021 година се создадени околу 237 килограми отпад од пакување по глава на жител. Со цел да се намали употребата на пластика, забраната за пластични кеси во супермаркетите стапи на сила на 1 јануари 2022 година, со исклучок на тенките кеси кои се користат во секторите за овошје, зеленчук и свежи производи. Но, и тие веќе не се бесплатни, што предизвика негодување кај потрошувачите.

Една жена го сподели своето искуство со Кауфланд на социјалните мрежи. Како што изјавила, сакала да ја намали количината на отпад и планирала повеќе пати да користи пластични кеси од делот за самопослужување.

- Мислев дека ќе земам неколку кеси и повторно ќе ги користам. Меѓутоа, на регистарот ми наплатија по еден цент за секоја кеса. Не можев да поверувам – напишала жената на Фејсбук. После тоа ги вратила кесите со коментар дека производите се веќе доволно скапи и дека дополнителната наплата не е оправдана.

Слични искуства споделиле и други клиенти, некои од нив го споредиле Кауфланд со други малопродажни синџири. Еден корисник на Фејсбук објавил дека дури и во продавниците на Алди пластичните кеси се наплаќаат по симболична цена од еден цент од 2019 година. Други, пак, нагласија дека на секоја машина каде што се влечат кесите има јасно означен знак за доплата.

Кауфланд објасни дека оваа практика е вообичаена во индустријата и дека има за цел да ја подигне свеста за поодговорна потрошувачка на пластика.

- На нашите клиенти со години им нудиме кеси за повеќекратна употреба. Нивната употреба може да заштеди до 693 тони пластични кеси за еднократна употреба годишно - соопштија од компанијата.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата