Вадефул најави и дополнителна хуманитарна помош од речиси 100 милиони евра и нагласи дека државите мора да спречат раселувањето на населението на Блискиот Исток да се претвори во „нов бран бегалци“.
- Целосно е неоправдано Иран да напаѓа држави кои не учествувале во нападите врз Исламската Република - изјави тој.
Во изјава заедно со својот колега од Холандија, германскиот министер нагласи дека Украина останува најважниот безбедносен приоритет за Германија и ја повика Унгарија да престане да ја блокира помошта за Киев.

