Германскиот министер за економија: По секоја цена треба да се избегне трговска војна со Кина

18.09.2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Германскиот министер за економија: По секоја цена треба да се избегне трговска војна со Кина

Тој ги повика двете страни да најдат политичко решение за проблемот со европскиот увоз на електрични автомобили (ЕВ) од Кина, објави Блумберг.

– Европската комисија и Кина треба да вложат максимални напори за да се најде решение преку преговори – рече Хабек.

Според него, Германија ја прифаќа кинеската конкуренција, која „мора да биде под фер услови“, додека властите во Берлин во исто време сакаат да избегнат трговски конфликт околу царините, што, додава Хабек, им штети на двете страни.

На 25 септември ЕУ планира да одржи гласање за воведување дефинитивни тарифи за електричните возила од Кина, објави неодамна њујоршката агенција, повикувајќи се на анонимни информирани извори.

Германија и Шпанија се обидуваат да ги убедат другите земји од Европската унија да се откажат од овие мерки.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата