Германскиот канцелар Фридрих Мерц изјави дека Иран ги понижува САД

28.04.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Германскиот канцелар Фридрих Мерц изјави дека Иран ги понижува САД

Тој истотака кажа дека не гледа каква излезна стратегија бараат САД за да ја завршат војната и овие коментари укажуваат на длабоки поделби помеѓу Вашингтон и европските сојузници од НАТО.

„Иранците очигледно се многу вешти во преговорите или поточно, многу вешти во тоа да не преговараат, убедувајќи ги американците да патуваат до Исламабад, а потоа да си заминат без никаков резултат. Цела нација е понижена од иранското раководство, особено од таканаречената револуционерна гарда. И затоа се надевам дека ова ќе заврши што е можно побрзо“, рече Мерц.

Трамп остро ги критикуваше сојузниците од НАТО затоа што не испратија воени бродови да помогнат во отворањето на Ормускиот теснец. Тој остана практично затворен, предизвикувајќи превирања на пазарот и невидени прекини во снабдувањето со енергенси.Мерц повтори дека Германците и европејците не биле консултирани пред САД и Израел да почнат да го напаѓаат иран на 28 февруари и дека тој го пренел својот скептицизам директно до трамп потоа.

 Претходно Русија се понуди да ја преземе улогата на посредник во идните преговори за договор со Иран, по средбата на Путин со шефот на иранската дипломатија Арагчи.. Трамп пак, му порача на Техеран да се јави доколку сака да преговара...

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата