Германската полиција започна национална операција против говорот на омраза на интернет

25.06.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Германската полиција започна национална операција против говорот на омраза на интернет

Планирани се над 170 операции, координирани од Федералната криминална полиција. Истражителите ќе се фокусираат на изјавите на крајната десница дадени на интернет. Многу од случаите вклучуваат и навреди кон политичари и функционери, а помалку случаи вклучуваат екстремистички религиозни и крајно десничарски публикации.

Херберт Ројл, министер за внатрешни работи на Северна Рајна-Вестфалија, најнаселената покраина во Германија, рече дека е важно да се разоткријат сторителите на вакви кривични дела.

-Не треба да им се дозволува на дигиталните потпалувачи да се кријат зад своите телефони или компјутери, изјави Ројл за ДПА.

Четиринаесет од приближно 130 истраги низ целата земја што се дел од денешната национална операција против употребата на говор на омраза на интернет се во покраината Северна Рајна-Вестфалија.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата