Германската полиција го уапси напаѓачот, кој претепа еврејска брачна двојка во Хајделберг

8.09.2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Германската полиција го уапси напаѓачот, кој претепа еврејска брачна двојка во Хајделберг

Напаѓачот Абед З.(29) на 2 септември ја претепал брачната двојка бидејќи жената била облечена во маица со Давидова ѕвезда и парола „Вратете ги сега дома“.

Слоганот се однесува на ослободување на заложниците кои ги држи Хамас во Појасот Газа. Жената се здобила со полесни повреди, а нејзиниот сопруг останал без заб од напаѓачот.

Абед З. е Германец и веќе има криминално досие, но не и за политички мотивирани злосторства.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата