Генерал-полковник Замир: Израелците треба да се подготват за „продолжена кампања“ против Иран

20.06.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Генерал-полковник Замир: Израелците треба да се подготват за „продолжена кампања“ против Иран

Тој истакна дека Иран „со години гради јасен план за уништување на државата Израел“, а планот изминатите месеци стигнал „до точката од која нема враќање, каде што капацитетите достигнаа оперативна способност“.

- Ја почнавме кампањата кога Иран поседуваше околу 2.500 проектили земја-земја, со висока стапка на производство, таква што во рок од приближно две години се очекуваше да поседуваат околу 8.000 проектили, посочи Замир.

Замир нападот врз Иран од 13 јуни го оцени како превентивен.

- ИДФ нема да стои настрана и да гледа како се развиваат заканите … Ние проактивно и превентивно ќе дејствуваме за да ја спречиме егзистенцијалната закана и да се соочиме со секој предизвик, посочи Замир, додавајќи оти ИДФ со години се подготвувала за напад врз Иран.

Според началникот на ГШ на ИДФ нападите врз Иран „постигнале извонредни резултати“.

- Ја елиминиравме високата команда на непријателот, нанесовме длабока штета на компонентите на нуклеарната програма, отворивме воздушен коридор кон Техеран, идентификувавме и уништивме околу половина од ракетните фрлачи, некои само неколку минути пред лансирањето, и го изненадивме непријателот и покрај неговата зголемена состојба на готовност, потенцира Замир во видеопораката.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата