Од Кабинетот на претседателот на Собранието информираат дека тој ќе продолжи со своите институционални активности во согласност со медицинските препораки.
- Во врска со загриженоста за здравствената состојба на претседателот на Собранието, Африм Гаши, ја информираме јавноста дека по краткиот дводневен престој на Универзитетската клиника за дигестивна хирургија и по спроведувањето на сите потребни медицински прегледи, здравствената состојба на претседателот е добра и стабилна. Денес, Гаши е отпуштен од болница и ќе продолжи со своите институционални активности во согласност со медицинските препораки, стои во информацијата од Кабинетот на претседателот.
Оттаму изразуваат благодарност до директорот на Клиниката и до целиот медицински тим за професионализмот, грижата и посветеноста покажани за време на лекувањето.