Галуп анкета: Само 37 отсто Американци го поддржуваат Трамп

25.07.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Галуп анкета: Само 37 отсто Американци го поддржуваат Трамп

Само 37 отсто од испитаниците позитивно го оцениле неговиот учинок, а најостри критики се однесуваат на политиката кон војната во Украина, која ја поддржуваат само 33 отсто, и на начинот на кој администрацијата го планира федералниот буџет – поддршка изразиле само 29 отсто од анкетираните граѓани.

Исто така, САД забележале пад на глобалната листа за вредноста на државјанството – американскиот пасош сега е рангиран на 10. место, што е најслабата позиција досега. Според извештајот, овој пад е директно поврзан со актуелната надворешна политика на Белата куќа.

Истражувањето се објавува во период на зголемен внатрешен и меѓународен притисок врз Вашингтон, додека критиките за неговиот надворешнополитички курс стануваат сè погласни во јавноста и медиумите.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата