Г7: Русија е единствената пречка за праведен мир во Украина

16.11.2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Г7: Русија е единствената пречка за праведен мир во Украина

И лидерите на членките на Г7 (Франција, САД, Јапонија, Канада, Обединетото Кралство, Германија и Италија) во оваа прилика потврдија „цврста поддршка за Украина колку што е потребно“.

-Остануваме солидарни за да придонесеме во борбата за суверенитет, борбата за слобода, независност, територијален интегритет и обнова на Украина. Русија останува единствената пречка за праведен и траен мир. Г7 повторува дека ќе продолжи да биде посветена кога ќе и наметне високи трошоци на Русија преку санкции, преку контрола на извозот и други ефективни мерки. Остануваме солидарни со Украина, се вели во соопштението на Италија, која оваа година претседава со групата Г7./МИА

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата