ФСБ ги обвини украинските специјални служби дека стојат зад обидот за напад.
Во соопштението ФСБ наведува дека на аеродромот во Челјабинск, на Урал, биле запленети пет пакети со рачно изработени експлозивни направи, скриени во кутии за парфеми.
Руски државјанин роден 2003 година, кој бил „регрутиран од украинските специјални служби“ се обидел да ги испрати тие пакети по пошта.
Русија и Украина редовно меѓусебно се обвинуваат за саботажа извршена од членови на локалното население регрутирани на социјалните мрежи.