Франција во шок: Мајка до смрт си ги избодела трите деца, оставила писмо и исчезнала (ВИДЕО)

13.11.2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Франција во шок: Мајка до смрт си ги избодела трите деца, оставила писмо и исчезнала (ВИДЕО)

Ова писмо е главниот фокус на истрагата бидејќи полицајците се обидуваат да го разберат мотивот зад ова тројно убиство што ги парализира Франција и регионот, објави Либерасион.

Според информации блиски до француската полиција, по мајката интензивно се трага, а постои сомневање дека се крие некаде во падините на Алпите кои го опкружуваат Таненг.

„Во моментов сослушуваме неколку членови на потесното семејство, а по мајката се уште интензивно се трага“, изјави обвинителот Борис Дуфо во соопштението до медиумите.

„Обдукцијата и дополнителната евалуација ќе ги направи Медицинско-правниот институт Гренбол, но веќе е официјално дека сите тројца починале од убодни рани“, додаде обвинителот.

Извор близок до случајот тврди дека мајката оставила писмо, за кое постои сомневање дека е проштално писмо, но содржината се уште не е позната.

Да потсетиме, таткото синоќа ги пронашол своите деца - две момчиња на возраст од 2 и 11 години и едно девојче (13) - мртви во нивната куќа во Таненг, ски-центар во близина на француската граница со Швајцарија.

Мајката, за која локалните медиуми јавуваат дека боледувала од депресија, моментално е исчезната и се смета за главен осомничен за трагедијата.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата