Нападот започна со експлозии на самоубиствени напаѓачи пред стадионот „Стад де Франс“, каде тогашниот претседател Франсоа Оланд и германскиот министер за надворешни работи следеа фудбалски натпревар, а наоружаните напаѓачи потоа отворија оган на пет други локации, вклучително и во концертната сала „Батаклан“ во центарот на Париз каде во моментот се одржуваше концерт..
Во текот на денот најавени се комеморации на повеќе локации, кои треба да кулминираат вечерва кога според најавите, ајфеловата кула ќе биде обоена со боите на француското знаме.

