Фото- Видео: Се преврте туристички автобус во Турција, шест лица погинаа, а 25 се повредени

18.10.2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Фото- Видео: Се преврте туристички автобус во Турција, шест лица погинаа, а 25 се повредени

Туристичкиот автобус, од засега непозната причина, се превртел на локацијата Аџипинар на автопатот Аксарај - Анкара.

На местото на несреќата се испратени бројни возила за итна помош, полиција и пожарникари.

Гувернерот на Аксарај, Мехмет Али Кумбузоглу, изјави дека туристичкиот автобус патувал од Баликесир кон Кападокија.

„За жал, во оваа сообраќајна несреќа животот го загубија шест наши граѓани. Според првите информации, имаме 25 повредени лица. Покрената е истрага, додаде Кумбузоглу.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата