Бајден ѝ честиташе на Фон дер Лајен за почетокот на нејзиниот втор мандат како шеф на извршната власт на ЕУ, а двајцата лидери разговараа за поддршката за Украина и за напорите за подведување на Русија под одговорност за нејзината агресија, се вели во соопштението за печатот на Белата куќа.
Фон дер Лајен на социјалната мрежа Икс напиша дека ЕУ и САД се соочуваат со заеднички предизвици во Европа, Блискиот Исток и Индо-пацифичкиот регион.
Таа додаде дека Брисел и Вашингтон се „партнери, пријатели и сојузници“. /МИА