Фон дер Лајен најави 10 милијарди евра за поплавените подрачја во централна Европа

19.09.2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Фон дер Лајен најави 10 милијарди евра за поплавените подрачја во централна Европа

„Можеме да мобилизираме 10 милијарди евра од кохезионите фондови за земјите погодени од поплавите“, рече фон дер Лајен во Вроцлав, Полска, каде што ги обиколи поплавените области со премиерите на Полска, Словачка, Чешка и Австрија.

Таа нагласи дека сега треба да се искористат сите расположливи средства. Пред сѐ, тука е Фондот за солидарност, кој може да се искористи за обнова на инфраструктурата, како патишта, железници, мостови и слично.

„Но, мислам дека тоа нема да биде доволно со оглед на огромниот обем на штетата“, рече фон дер Лајен.

Друг извор се кохезионите фондови, кои вообичаено се користат со кофинансирање од земјите-членки. Во овој случај не би се барало национално кофинансирање и сите средства би биле од кохезиониот фонд, со што би се обезбедиле околу 10 милијарди евра.

„Потребна е максимална флексибилност и потребна ви е брза помош. Затоа мораме да ги мобилизираме кохезионите фондови на флексибилен и насочен начин онаму каде што е најпотребно“, рече претседателката на Комисијата.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата