Флорида гради центар за мигранти среде мочуришта, го нарекуваат „Алигатор Алкатраз“

24.06.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Флорида гради центар за мигранти среде мочуришта, го нарекуваат „Алигатор Алкатраз“

Објектот веќе е наречен „Алигатор Алкатраз“ во јавноста, а проектот го води министерката за внатрешна безбедност на САД, Кристи Ноем, пишува Би-Би-Си.

Според министерката, објектот ќе биде „во голема мера“ финансиран од ФЕМА, агенцијата која вообичаено им обезбедува помош на недокументираните мигранти.

„Под водство на претседателот Трамп, работиме со турбо брзина на економични и иновативни начини за исполнување на она што го бара американскиот народ - масовна депортација на криминални нелегални имигранти“, рече Ноем.

Центарот ќе може да смести до 1.000 луѓе, а изградбата би можела да биде завршена во рок од 30 до 60 дена, изјави главниот обвинител на Флорида, Џејмс Утмаер.

Локацијата е опкружена со природни „чувари“

Новиот центар се гради на местото на јавниот аеродром Дејд-Колиер, на околу 58 километри од Мајами. Во видео објавено на платформата „X“, Утмаер изјави дека станува збор за „скоро напуштена зграда“ и ја нагласи природната непристапност на теренот.

„Ако некој се обиде да избега, ќе го пречекаат само алигатори и питони. Нема каде да оди, нету каде да се скрие“, рече Утмаер.

Проценетите годишни трошоци за работење на центарот се околу 450 милиони долари.

Еколошки ризици и политички поделби

Планот веднаш предизвика жестоки реакции. Градоначалничката на округот Мајами-Дејд, демократката Даниела Левин Кава, предупреди дека изградбата во толку чувствителна област може да има „разорни последици за екосистемот Еверглејдс“.

Иако официјалните лица нагласија дека објектот нема да биде сместен во границите на Националниот парк Еверглејдс, загриженоста останува. Тоа е ретко мочуриште кое вклучува разновидни природни системи, од мангрови до речни заостанати води, и е дом на бројни заштитени видови.

Извор: Индекс.хр

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата