- За разлика од минатото, сега сите, вклучително и (рускиот претседател Владимир) Путин, не гледаат проблем да разговараат. Во принцип нема проблем Путин, (Доналд) Трамп и (Володимир) Зеленски да се сретнат под покровителство на нашиот претседател Реџеп Тајип Ердоган, наведе Фидан.
Тој истакна дека Русија е подготвена за трет круг преговори и чека одговор од Украина.
По двете рунди разговори одржани во Истанбул на 26 мај и 2 јуни, Русија и Украина се согласија да разменат воени заробеници.