Напаѓачот потоа излегол од камионот и почнал да пука во луѓето, а на крајот полицајците го застрелале, пишува Newsweek. Во камионот подоцна било пронајдено знаме на Исламската држава.
ФБИ завчера го идентификуваше Џабар како осомничен, а објави дека е Тексашанец и воен ветеран. Тие објавија и дека во Хјустон го изнајмил белиот камионет Форд во кој го извршил злосторството. Во моментов спроведуваат повеќе истраги во Њу Орлеанс, како и градови во други сојузни држави, со цел да соберат што е можно повеќе докази.
„Улицата Бурбон треба да ѝ ја оставиме на локалната полиција до утре наутро. Ќе испратиме специјалисти кај жртвите и нивните семејства за да им помогнат да се справат со последиците од трагедијата“, вети ФБИ.
Џо Бајден рече дека треба да се истражи можната врска меѓу нападот во Њу Орлеанс и нападот во кој експлодира сајбертрак на Тесла исполнет со канистри со гориво во Невада, додека Трамп го обвини Бајден и неговата лоша гранична контрола за нападот.