Во говорот по повод Денот на полицијата, Ал-Сиси рече дека и покрај договорот за прекин на огнот, Израел продолжува со кампањата на „системско насилство врз Палестинците во нивните окупирани земји“, што „категорично се отфрла од Египет“.
„Предупредувам дека раселувањето на речиси два и пол милиони Палестинци од Појасот Газа, што би значело ликвидација на палестинската кауза, неизбежно би довело стотици илјади во Европа и западните земји, со сериозни последици за безбедноста, економијата и социјални последици, што ниту една земја не може да си ги дозволи“, рече египетскиот претседател.
Тој ја нагласи потребата од континуиран пристап до хуманитарна помош во Газа и целосно спроведување на втората фаза од договорот за прекин на огнот меѓу Израел и палестинското радикално движење Хамас.
Египет го дефинира како „црвена линија“ раселувањето на Палестинците од нивните земји, дури и во форма на привремено преселување.
Покрај тоа, Каиро бара поддршка за своите напори за справување со нелегалните мигранти и нивниот премин во Европа. Според најновите податоци, земјата дава засолниште на над девет милиони странски државјани поради регионалните кризи. Најголем дел меѓу нив се државјани на Судан, Сирија, Јемен и Либија.

