Евростат: Зголемен бројот на баратели на азил во ЕУ

26.05.2023
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Евростат: Зголемен бројот на баратели на азил во ЕУ

Во февруари 2023 година, 76.505 лица првпат поднеле барање за меѓународна заштита во земјите на ЕУ, што е зголемување за 41 отсто во споредба со истиот период минатата година, се наведува во соопштението на Евростат.

Сиријците и Авганистанците се двете најголеми групи на првпат баратели на азил со 9.885 односно 9.310 случаи.

Руските граѓани се на осмото место, со 2.385 барања.

Вкупно 2.475 баратели се малолетници без придружба.

Повеќе од две третини од барањата се поднесени во Германија, Шпанија, Италија и Франција. 

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата