Евакуиран е најголемиот аеродром во Европа- патниците на Хитроу добиле дојава за пожар

25.07.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Евакуиран е најголемиот аеродром во Европа- патниците на Хитроу добиле дојава за пожар

На патниците во Терминалот три им е кажано да го напуштат аеродромот, што предизвикува хаос кај луѓето што се подготвуваат за летните одмори, објави Мирор.

Подигањето багаж е затворено откако персоналот реагирал на алармот.

Луѓето во редици

Фотографиите што кружат на социјалните мрежи покажуваат луѓе што чекаат во редици.

Сè уште не е познато дали пожарот навистина избувнал, но наскоро се очекува да биде дадено официјално соопштение.

Хитроу е најголемиот аеродром во Европа, со повеќе од 200.000 патници што минуваат низ него секој ден.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата