ЕУ воведе санкции за лидерот на паравоените „Сили за брза подршка“ во Судан

21.11.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
ЕУ воведе санкции за лидерот на паравоените „Сили за брза подршка“ во Судан

Мерките објавени вчера против Абдел-Рахим Хамдан Дагал следат по слични санкции против неговата група Сили за брза поддршка, која е во војна со суданската армија.

Соединетите Американски Држави, исто така, воведоа санкции врз Дагал во септември 2023 година, на почетокот на конфликтот.

„Европската унија најостро ги осудува сериозните и тековни злосторства извршени од Силите за брза поддршка во Судан, вклучително и оние по заземањето на градот Ел Фашер“, се вели во соопштението на ЕУ.

Високиот претставник на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика, Каја Калас, рече дека санкциите „испраќаат сигнал дека меѓународната заедница секогаш ќе ги гони криминалците“.

Досега нема одговор од Силите за брза поддршка, а нивните напади оставија стотици мртви и принудија десетици илјади луѓе да избегаат во бегалските кампови.

Граѓанската војна во Судан започна во 2023 година кога избувнаа тензии меѓу суданската армија и

Силите за брза поддршка, а војната уби најмалку 40.000 луѓе, а расели 12 милиони.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата