ЕУ ја отфрли одлуката на Иран да ги стави војските на земјите членки на списокот на терористички организации

2.02.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
ЕУ ја отфрли одлуката на Иран да ги стави војските на земјите членки на списокот на терористички организации

„Ги отфрламе ставањето на војските на ЕУ на списокот и обвинувањата за тероризам“, изјави портпаролот на Европската комисија, Анвар ал-Ануни.

Претходно, претседателот на иранскиот парламент, Мохамед Багер Калибаф, откога ЕУ ја прогласи иранската паравоена Револуционерна гарда за терористичка организација поради насилно задушување на протестите во Иран, изјави дека Иран сега ги смета сите трупи на Европската Унија за терористички групи.

Тој оцени дека ЕУ „си пукала во нога“ и дека, според него, Гардата ја нарекла терористичка група „од слепа послушност“ кон САД. 

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата