ЕУ ги укина царините и квотите за украинските земјоделски производи во јуни 2022 година, како поддршка за Киев поради воената инвазија на Русија и блокадата на традиционалните извозни рути преку Црното Море.
Мерките беа прекинати на почетокот на овој месец, откако поевтиното украинско жито, месо и шеќер предизвикаа протести во неколку соседни земји, особено во Полска.
Во моментот, ЕУ се придржува кон трговскиот договор со Украина што беше во сила пред војната, кој предвидува царини и квоти што го ограничуваат увозот на земјоделски производи.
Брисел останува најголем трговски партнер на Украина, додека Украина е трет најголем снабдувач на земјоделски прехранбени производи за ЕУ, според податоците на Европската комисија.