ЕУ ги прошири листите на санкции поврзани со руската инвазија врз Украина

11.12.2023
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
ЕУ ги прошири листите на санкции поврзани со руската инвазија врз Украина

Како што јави дописникот на МИА од Брисел, Советот воведе санкции против шест физички и пет правни лица вклучени во развојот и производството на иранските беспилотни летала кои ги користи Русија во „илегалната агресија врз Украина“. 

На листата на Иранци опфатени со санкциите поради иранската воена поддршка на руската агресија врз Украина, се додадени компаниите „Шакад Санат Асмари“ и нејзиниот извршен директор, заменик извршен директор и главен научник, потоа „Бахарестан Киш“ и нејзиниот управен директор, „Саад Сазех Фараз Шариф“ и нејзиниот извршен директор, како и компанијата „Сармад Електроник Сепахан“. 

Во врска со континуираната ескалација на неселективното насилство врз невооружени цивили, поткопување на демократијата и владеењето на правото и кршењето на човековите права во Мјанмар, на листата на санкционирани се додадени четири физички и две правни лица и тоа мјанмарски министер, двајца членови на Државниот административен совет и командант одговорен за воздушните напади врз цивили, пред се во државата Кајах, како и компаниите за производство на оружје и воена опрема „Стар Сафир Груп“ и „Ројал Шун Леи“. 

На сите лица додадени на листите на санкционирани им се замрзнува имотот во ЕУ и на субјекти од Унијата им се забранува директно или индиректно да им доставуваат или ставаат на располагање средства или економски ресурси. Дополнително, на физичките лица им се забранува влез во земјите членки на ЕУ.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата