Етиопија уапси десетици осомничени милитанти на терористичката „Исламска држава“

16.07.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Етиопија уапси десетици осомничени милитанти на терористичката „Исламска држава“

 Етиопските безбедносни сили уапсиле десетици осомничени милитанти на терористичката „Исламска држава“, кои наводно биле обучувани и распоредени за извршување операции низ целата земја, јавија локални медиуми, повикувајќи се на соопштение од Националната служба за разузнавање и безбедност (NISS).

Според извештајот, уапсени се 82 лица поврзани со сомалискиот огранок на Исламска држава, кој делува во полуавтономниот регион Пунтланд, во североисточна Сомалија.

Огранокот на Исламска држава во Сомалија во последниве години бележи зголемување на бројот на борци, кои според проценките се движат меѓу 700 и 1.500. Овој раст, делумно, се должи на приливот на странски борци и на зголемените приходи. Сепак, овој огранок и натаму е значително помал од Ал Шабаб – милитантната група поврзана со Ал Каеда, која контролира големи делови од јужна и централна Сомалија.

Истовремено, американската војска спроведе повеќе воздушни напади врз оваа група во последниве години, а нивниот интензитет се зголеми по доаѓањето на Доналд Трамп на претседателската функција во САД.

Во меѓувреме, владините сили во Пунтланд извршија офанзива врз позиции на Исламска држава, при што презедоа значителна територија и дополнително го поткопаа влијанието на групата. 

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата