Естонските власти го ослободија танкерот за нафта „Кивала“ што се движеше кон Москва

28.04.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Естонските власти го ослободија танкерот за нафта „Кивала“ што се движеше кон Москва

Естонските поморски сили го пресретнаа и се качија на танкерот, кој беше на пат кон Русија, на 11 април. Се сомнева дека тој е дел од таканаречената руска „флота во сенка“, обично составена од постари бродови што се користат за транспорт на сурова нафта и друг товар со цел да се заобиколат меѓународните санкции наметнати врз Москва.

Ваквите бродови обично не се регулирани или осигурени од признати западни компании.

Кога беше запленет, танкерот пловел под знамето на Џибути, но тамошните власти негираа дека бродот е регистриран кај нив, соопштија естонските власти.

Танкерот беше ослободен откако Естонската транспортна управа доби писмо со кое се потврдува од Џибути дека ќе прифати бродот да биде регистриран во земјата до 7 мај, соопштија властите. 

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата