Естонија од 1 декември ќе ги затвори сите гранични премини со Русија по обид за саботажа врз фабрика за дронови

16.11.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Естонија од 1 декември ќе ги затвори сите гранични премини со Русија по обид за саботажа врз фабрика за дронови

Естонија ќе ги затвори сите гранични премини со Русија почнувајќи од 1 декември, како одговор на спречен обид за саботажа врз компанија за производство на беспилотни летала, за кој властите во Талин тврдат дека бил нарачан од руската воена разузнавачка служба ГРУ, пренесуваат светските медиуми. 

Инцидентот се случил во саботата наутро, кога естонските безбедносни сили привеле осум лица при обид за напад врз „Треод системс“ (Threod Systems) – одбранбена компанија која произведува извидувачки и борбени дронови со долг дострел. Благодарение на брзата реакција на обезбедувањето на фабриката, во нападот нема повредени, ниту е причинета материјална штета, велат естонските власти. 

Од естонската служба за внатрешна безбедност (Капо) соопштија дека целта на напаѓачите била да предизвикаат експлозија и да го запалат објектот. Според естонскиот јавен сервис ЕРР, обвинителството веќе побарало мерка притвор за петмина од осомничените. 

Естонскиот премиер Кристен Михал изјави дека одлуката за затворање на границата е неопходна за да се намали ризикот од нови инциденти и да се испрати јасна порака дека нападите врз одбранбената индустрија и безбедносните капацитети на земјата се неприфатливи.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата