Геолошкиот институт на Етиопија на својата Фејсбук страница објави видео на кое се гледа како чад и прашина се исфрлаат од вулканот во областа Аваш Фентале, објави Ројтерс.
🚨👀 Ethiopia: In the Dulecha district, where a seismic swarm has been ongoing since December 22, volcanic activity has intensified. A new vent has formed at the Dofen volcano. It has been ejecting substantial amounts of gas, rocks, and mud, suspected to be linked to magma… pic.twitter.com/TWHNIqbFx5
— Volcaholic 🌋 (@volcaholic1) January 3, 2025
Државната телевизија на Етиопија објави дека властите ги евакуирале жителите од погодената област, која е на околу 165 километри од главниот град Адис Абеба.
Вулканска ерупција ја погоди планината Дофан во централна Етиопија, регион кој неодамна имаше чести помали земјотреси, објавија денеска локалните медиуми.
Земјотресите се случуваат во област позната како Големата долина Рифт или Големиот источноафрикански ров. Научниците предвидуваат дека во далечна иднина поради сеизмичка активност тој расед ќе се прошири толку многу што на тоа место ќе се создаде нов океан, а Африка ќе се распарчи на два дела.
Последниот во серијата земјотреси што го погодија тој регион беше со јачина од 5,2 степени според Рихтеровата скала, а беше регистриран деенска во 15:27 часот.
Според достапните податоци, епицентарот на земјотресот бил лоциран во област со географски координати од географска ширина 9,2637 и географска должина 40,1455.
Епицентарот на земјотресот, според податоците на Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар, се наоѓа на длабочина од приближно 10 километри под површината на земјата.
Засега нема извештаи за материјална штета или повредени, а надлежните служби ја следат состојбата.