Ердоган повикува на завршување на војната во Иран пред да биде зафатен целиот регион

11.03.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Ердоган повикува на завршување на војната во Иран пред да биде зафатен целиот регион

Воздушната одбрана на НАТО минатите денови пресретна две ирански ракети над јужна Турција, каде што се наоѓаат воздушните и радарските бази на НАТО и САД, кои оттогаш се засилени.

„Војната треба да се запре пред да се прошири и да го запали целиот регион. Ако ѝ дадеме шанса на дипломатијата, многу е веројатно дека тоа ќе се случи“, рече Ердоган во турскиот Парламент.

„Со оглед на чувствителноста на моментот во кој се наоѓаме, нашите зборови се многу претпазливи, нашите постапки се претпазливи за да ја заштитиме Турција од огнот што ја опкружува“, додаде претседателот, нагласувајќи дека Анкара е во контакт со сите страни за да се стави крај на војната.

Турција нудеше посредништво пред почетокот на американско-израелскиот напад пред дванаесет дена. Ердоган постојано повикува на дипломатско решавање на војната, предупредувајќи дека Турција ќе одговори на секоја закана за нејзината национална безбедност.

Турскиот претседател ги критикуваше американските, израелските и иранските потези и ја нарече американско-израелската операција „очигледно кршење“ на меѓународното право. Но, како и повеќето светски лидери, тој јавно не го спомена американскиот претседател Доналд Трамп, со кого има добри односи.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата