Израелските одбранбени сили (ИДФ) започнаа голема операција преку ноќ, со кодно име „Лавовски подем“, во која извршија напади врз воени цели и локации на нуклеарната програма на Иран.
Израелските воздухопловни сили (ИАФ) извршија неколку бранови напади во различни делови на Иран.
Техеран беше исто така цел, каде што беа убиени неколку високи ирански воени функционери, вклучувајќи го началникот на Генералштабот на иранските вооружени сили и командантите на Корпусот на Исламската револуционерна гарда, како и голем број нуклеарни научници.
#BREAKING: Iranian Nournews Agency: 78 killed in residential areas in #Tehran as a result of Israeli strikes https://t.co/AS3Ww9JV7V pic.twitter.com/ARagr4C244
— Arab News (@arabnews) June 13, 2025
Нуклеарниот објект во Натанц, иранска воена база во северозападниот дел на земјата, исто така бил погоден.
Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) соопшти дека објектот и фабриката за збогатување ураниум во Фордо не биле оштетени во израелскиот напад.