Еквадор со дополнителни 10.000 војници ќе се бори против наркокартелите

17.01.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Еквадор со  дополнителни 10.000 војници ќе се бори против наркокартелите

Владата на претседателот Даниел Нобоа, сојузник на американскиот претседател Доналд Трамп во Јужна Америка, одлучи да ја интензивира борбата против илегалната трговија со дрога.

Еквадор, кој е лоциран помеѓу главните извозници на кокаин – Колумбија и Перу, стана почетна точка за извоз на дрогата произведена во регионот. Бандите во Еквадор се поврзани со мексиканските и колумбиските картели.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата