Екстеремно студен бран им се заканува на милиони жители на САД- во Чикаго минус 35 степени

23.01.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Екстеремно студен бран им се заканува на милиони жители на САД- во Чикаго минус 35 степени

Најмалку 14 американски држави прогласија вонредна состојба поради студен бран и снежната бура, која се очекува да ги погоди областите од Ново Мексико на југ до Мејн на североисток, со температури кои достигнаа минус 45 степени Целзиусови во Минеаполис утрово и минус 35 степени Целзиусови во Чикаго.

Опасно ниските температури влијаат на речиси половина од САД, а повеќе од 230 милиони луѓе се во состојба на готовност поради бурата и екстремниот студ, од Минеаполис до Чикаго, Далас и Хјустон.

Федералната агенција за управување со вонредни состојби на САД (FEMA) подготви 250.000 оброци, 400.000 литри вода и 30 генератори пред бурата, според документ до кој дојде ABC News.

Во документот, FEMA вели дека тимовите за управување со инциденти се во состојба на готовност и дека е активиран Националниот координативен центар за одговор.

Бурата откажа повеќе од 1.600 летови закажани за сабота во САД, а најтешко погодени се два меѓународни аеродроми во Далас, Тексас.

Градоначалничката на Вашингтон, Мјуриел Боузер, во понеделник изјави дека главниот град на САД се придружил на 14-те држави кои прогласиле вонредна состојба и се подготвува за мраз и „најсилни снежни врнежи што сме ги виделе подолго време“.

Досега, вонредни состојби се прогласени во Алабама, Арканзас, Џорџија, Канзас, Кентаки, Луизијана, Мисисипи, Мисури, Њујорк, Северна Каролина, Јужна Каролина, Тенеси, Тексас и Вирџинија поради приближувачката бура.

Во Тексас и Оклахома, подготовките се во тек - комуналната компанија во Хјустон распореди 3.300 работници за итни интервенции за итни интервенции, додека Министерството за транспорт на Оклахома ги засоли автопатите и меѓудржавните патишта.

Замрзнат дожд и лапавица веќе се регистрирани во Ново Мексико, додека метеоролозите предвидуваат до 12 инчи снег по патот на бурата од Оклахома преку Вашингтон, Њујорк и Бостон.

Се очекува ледената бура и снегот да ги оптоварат далноводите и гранките на дрвјата, потенцијално предизвикувајќи прекини во електричната енергија со денови, а метеоролозите предупредуваат дека патиштата и тротоарите се потенцијално опасни во следната недела.

Во области како Чикаго и Де Мојн, училиштата се затворени, додека жителите складираат основни залихи - леб, млеко, генератори и греалки.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата