Египетскиот претседател во четврток во Ријад на разговори за арапскиот план за Газа

18.02.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Египетскиот претседател во четврток во Ријад на разговори за арапскиот план за Газа

Се очекува арапските држави да го разгледаат планот за обнова на Газа, што би можело да биде одговор на предлогот на американскиот претседател Доналд Трамп за обнова на палестинската енклава под контрола на САД.

Претставниците на Саудиска Арабија, Египет, Јордан, Обединетите Арапски Емирати и Катар се очекува да разговараат за арапскиот план за Газа во Ријад пред тој да биде претставен на арапскиот самит во Каиро на 4 март, наведуваат египетски извори. /МИА

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата