Египет потврди дека постои американски план за ставање крај на војната во Иран

25.03.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Египет потврди дека постои американски план за ставање крај на војната во Иран

- Постои нацрт-план од САД кој е испратен до иранската страна и кој во моментов се проучува – изјави денеска египетскиот министер за надворешни работи, Бадр Абдел-Ати.

- Тоа е визија и план што го претставија Соединетите Држави – рече Абдел-Ати и додаде дека не може да зборува за точките што ги содржи планот, од кои некои веќе беа објавени во медиумите.

- Се надеваме дека наскоро ќе има директни разговори со вклучените страни – рече тој.

Египет, заедно со земји како Пакистан и Турција, работи на посредување во ситуацијата. „Нема да престанеме да вложуваме максимални напори“, рече Абдел-Ати, додавајќи дека тоа ќе го прават „деноноќно“.

Египетската влада има контакт со иранската страна само „преку еден канал“, рече Абдел-Ати, а тоа е Министерството за надворешни работи во Техеран.

Според медиумските извештаи, американската влада му претставила на раководството во Техеран план од 15 точки за ставање крај на војната. Иранското воено раководство, пак, ги отфрли извештаите за преговори.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата