Еден загинат, 11 повредени во судар на воз и туристички автобус во Русија

4.08.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Еден загинат, 11 повредени во судар на воз и туристички автобус во Русија

Несреќата се случила кратко по 5:00 часот наутро по централноевропско време, соопшти локалната филијала на Руските железници.

Автобусот излетал на шините директно пред возот што се приближувал со полна брзина помеѓу станиците Лодејное Поле и Олонец, се вели во соопштението.

Возачот се обидел да закочи, но автобусот бил премногу блиску и сударот не можел да се избегне, додаде истиот извор.

Според првичните информации, повредени се 12 патници во автобусот, од кои еден починал. 

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата