Џорџија Мелони: Илегалната миграција предизвика зголемен број силувања на жени во Италија

20.11.2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Џорџија Мелони: Илегалната миграција предизвика зголемен број силувања на жени во Италија

Мелони им рече на новинарите на маргините на самитот на Групата 20 (Г20) во Рио де Жанеиро дека податоците покажуваат дека илегалната имиграција придонела за зголемување на родовото насилство и дека Италија ќе продолжи да се бори против другите причини кои доведоа до тоа , објави Ројтерс.

„Парадоксот е што насилството врз жените се зголемува додека жените освојуваат сѐ повеќе простор“, рече Мелони.

Италијанскиот министер за образование Џузепе Валдитара во понеделникот изјави дека зголемувањето на бројот на случаи на силување и сексуално насилство е поврзано со илегалната имиграција.

Валдитара во видео пораката што беше емитувана во Долниот дом на италијанскиот парламент за време на презентацијата на фондацијата што го носи името на девојката Џулија Чекетин, која пред една година беше убиена од нејзиното поранешно момче, истакна дека италијанскиот Устав не дозволува дискриминација врз основа на пол и дека тоа мора секому да му биде јасно на мигрантот кој сака да живее во Италија.

„Не смееме да се преправаме дека не гледаме дека зголемувањето на сексуалното насилство е поврзано и со маргинализација и девијации кои на некој начин се предизвикани од илегалната имиграција“, рече Валдитара, пренесе АНСА.

Левицата го обвини Валдитара дека шири, како што наведе, „срамни лажни вести“ за да го искористи убиството на девојчето за „свои идеолошки цели“, односно депортација на мигранти.

Дваесет и двегодишната Чекетин беше убиена пред една година од нејзиното поранешно момче, по што беше основана фондација со нејзиното име, која се занимава со борба против фемицидот и родовото насилство. Нејзиниот поранешен, кој ја избодел Чекетин 75 пати, признал дека го извршил убиството на 11 ноември 2023 година во близина на Венеција.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата