Двајца земјоделци биле проголтани од огнената стихија додека бегале од пожар, 14.000 луѓе мора да останат дома

2.07.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Двајца земјоделци биле проголтани од огнената стихија додека бегале од пожар, 14.000 луѓе мора да останат дома

Според медиумските извештаи, двајцата биле земјоделци кои биле зафатени од пламен додека се обидувале да стигнат до своите возила.

Пожарот избувнал во екот на топлотниот бран што ја погоди Европа и донесе високи температури низ целиот континент, објавува АП.

Рекордни јулски температури се забележани во Шпанија и Португалија, а во руралната покраина Љеида, пожар создаде огромен столб од чад над поголемиот дел од селата.

Властите испратија СМС-пораки до локалните жители и им наредија на околу 14.000 луѓе да останат во затворен простор, но таа наредба беше укината доцна во вторникот навечер.

Вкупно 6.500 хектари земја изгореа пред пожарникарите да можат да го стават пожарот под контрола.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата