Двајца убиени во нов американски напад против трговија со дрога во Пацификот

30.12.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Двајца убиени во нов американски напад против трговија со дрога во Пацификот

Јужната команда на САД на „X“ соопшти дека Заедничката работна група „Јужно копје“ извршила „смртоносен кинетички напад“ врз брод во меѓународни води, кој наводно го управувале организации означени од САД како терористички.

Според војската, разузнавачките служби потврдиле дека бродот користел патишта за трговија со дрога во источниот Пацифик и бил вклучен во операции за шверц со дрога.

Ниту еден припадник на американската војска не е повреден во операцијата, се вели во соопштението.

Според достапните податоци, досега се убиени најмалку 107 лица во американски напади насочени кон бродови што Вашингтон ги обвинува за трговија со дрога. 

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата