„По експлозијата се запалија 12 контејнери. Итните служби работат на терен“, напиша Сергеј Бикетов, началник на областа Волокон на својот канал Телеграм.
Гладков потврди и дека на местото на настанот работат пожарникари и дека се уште се собираат информациите за последиците од ударот.
На социјалните мрежи се појавија снимки на кои се гледа густ, црн чад како се издига над магацинот.
🔥🦅 In the Belgorod region, drone attacked a fuel storage site, the tanks are on fire! pic.twitter.com/dOKLfvv6uG
— MAKS 24 🇺🇦👀 (@Maks_NAFO_FELLA) September 8, 2024
Регионот Белгород се наоѓа веднаш на границата со Украина и затоа е честа цел на украински напади.