Безбедносни извори изјавија за Ројтерс дека најмалку три лица загинале и повеќе од 1.000 луѓе се повредени во експлозијата на пејџери, кои што Хезболах го користел за комуникација.
Меѓу повредените има и борци на Хезболах и медицински лица.
Hezbollah has no idea what hit them - analysis.
— Laurentiu B . 🇪🇺 (@laurbjn) September 17, 2024
Hezbollah was caught off-guard by a cyberattack on the Lebanon terrorist organization pagers that wounded thousands of members. Israel 🇮🇱 yet to take responsibility.https://t.co/96yR8F5RGK
Неименуван функционер на Хезболах рече дека детонирањето на пејџерите е „најголемото нарушување на безбедноста“ што милитантната група го претрпела во речиси едногодишната војна со Израел.
Репортерот на Ројтерс видел возила на брза помош во јужните предградија на Бејрут додека во областа владеела паника.
🚨 Breaking: Tens of Hezbollah communication devices are exploding during the past hour. Initial reports state that over one hundred Hezbollah terrorists already injured.
— Dr. Eli David (@DrEliDavid) September 17, 2024
Here's footage from two such explosion 👇 pic.twitter.com/rMwdRWsTGB
Локалните жители велат дека последната експлозија се случила 30 минути по првата, додека некои од нив се обидувале да откријат дали меѓу повредените има и членови на нивните семејства.
BREAKING 🚨🚨
— Open Source Intel (@Osint613) September 17, 2024
Israel is carrying out "limited operations" targeting Hezbollah, according to Lebanese sources. Reports indicate that dozens of Hezbollah operatives in southern Lebanon and Beirut were either killed or critically injured when their communication radios unexpectedly… pic.twitter.com/QXP6ayb8vp
Се верува дека зад невидениот напад стои Израел, кој засега не објавил ништо по ова прашање.
Безбедносен извор за Ројтерс изјави дека уредите експлодирале и во јужен Либан. Израелската армија, која од октомври минатата година разменува оган со Хезболах, паралелно со војната во Газа, не го коментира инцидентот.