Драма во популарно шпанско летувалиште- уловен е крокодил, туристите во шок

14.07.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Драма во популарно шпанско летувалиште- уловен е крокодил, туристите во шок

Туристите биле вознемирени од информацијата дека е забележан крокодил на слобода, па властите веднаш реагирале. Влекачот бил забележан од двајца тинејџери, по што членови на Цивилната гарда биле испратени на местото на настанот, објавува The Sun.

Префрлен во зоолошката градина

На почетокот се сметало дека станува збор за алигатор, но подоцна било утврдено дека крокодилот од семејството Кајман Јакаре е на слобода. Бил фатен во заедничка операција на Цивилната гарда, локалните екологисти, рибари и експерти за заштита на дивите животни.

Потоа влекачот бил транспортиран во зоолошката градина во Мадрид.

Во исто време, започнала истрага за да се утврди кој - и под кои околности - го пуштил егзотичното животно во урбаната средина.

Сериозен ризик по безбедноста

Според важечките закони, поседувањето и пуштањето егзотични видови без дозвола претставува сериозен прекршок и потенцијален еколошки криминал.

Властите предупредуваат дека ваквите (неодговорни) дејствија претставуваат сериозен ризик за биодиверзитетот и јавната безбедност.

Кајманот јакаре е заштитен вид, опфатен со меѓународна конвенција, а истражителите се сомневаат дека пристигнал во Шпанија преку нелегална трговија со егзотични домашни миленици.

Иако главно се храни со риби и мекотели, во екстремни случаи може да нападне и други помали животни.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата