Драма во Италија: БМВ „летна“ по удолница и уби пешаци, на граѓаните им е забрането да излезат

4.01.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Драма во Италија: БМВ „летна“ по удолница и уби пешаци, на граѓаните им е забрането да излезат

Две лица загинаа денеска во сообраќајна несреќа во областа Торета кај Анкона во централна Италија, а локалните власти ги повикаа граѓаните да останат во своите домови и да ги држат затворени прозорците поради истекување на гас при несреќата, објави ИлПост.

Според полицијата, црно БМВ изгубило контрола додека се движело по удолница со голема брзина и удрило во други возила, од кои едно удрило во пумпа за метан, предизвикувајќи истекување на плин.

Возилото удрило и усмртило двајца пешаци, маж и жена.

Локалните служби за итни случаи се на терен, а на жителите им е препорачано да не излегуваат од домовите како мерка на претпазливост додека не се стабилизира ситуацијата.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата